Барса има план Б, Ц и Д доколку не успее да го донесе Халанд

од Vladimir Zorba
411 прегледи

Во Барселона идентификувале не еден, не двајца, туку три напаѓачи, кои би биле потенцијални алтернативи на Ерлинг Халанд во случај клубот да не го привлече Норвежанецот.

Голгетерот на Борусија (Дортмунд) е цел бр. 1 за нападот на „блаугранас“, но конкуренцијата за него е многу сериозна и денеска изгледа тешко на Каталонците да се пресметаат со Манчестер Сити и Реал Мадрид, кои се главни фаворити за неговиот потпис.

Сепак, според „Ас“, претседателот на Барса, Жоан Лапорта му ветил на Чави Ернандез дека дури и ако не успее да го земе Халанд, следното лето ќе привлече уште еден врвен напаѓач на „Камп Ноу“.

Шпанското издание тврди дека втора најпосакувана опција е напаѓачот на Ливерпул Мохамед Салах, кој бележи уште една блескава сезона. Египќанецот се уште не може да се договори со клубот за нов договор, а сегашниот му истекува летото 2023 година. Тешко е да се замисли дека дури и Салах да не потпише повторно до лето, Ливерпул ќе се согласи да го продаде за 60-70 милиони евра, како што предлага „АС“. Сепак, изворот инсистира дека на „Камп Ноу“ добиле охрабрувачки првичен одговор од претставниците на Египќанецот.

Втората опција е гол-машината на Баерн (Минхен) Роберт Левандовски, кој во август ќе наполни 34 години. Полјакот има договор и до летото 2023 година, но во последните месеци се шпекулираше дека е подготвен да испроба и други предизвици пред крајот на кариерата.

Според „АС“, трета и последна опција е напаѓачот на Челси, Ромелу Лукаку, за кој, сепак, во Италија велат дека сака да се врати во Интер доколку го напушти „Стемфорд Бриџ“.

Слични содржини