283
Раководството на Барселона и претставниците на Усман Дембеле се уште не закажале очекуван последен состанок на кој ќе одлучуваат за иднината на Французинот.
Двете страни се во преговори повеќе од осум месеци, а Каталонците сакаат да го обноват договорот на играчот кој истекува на крајот од сезоната. Разговорите дојдоа до фаза кога беше речиси сигурно дека Дембеле ќе го напушти „Камп Ноу“, но во последните недели беше постигнат пробив.
Сепак, „Мундо Депортиво“ пренесува дека двете страни се уште не постигнале целосно разбирање и имаат што да разјаснат пред да се постигнат договор.
Барселона испратиле неколку различни верзии за нов договор до претставниците на Дембеле и чека одговор од нив, по што ќе биде закажан состанок.