Ансу Фати е именуван како една од главните sвезди за иднината на Барселона. По заминувањето на Лионел Меси, управата на клубот од „Камп Ноу“ не сака да си дозволи да загуби една од своите најголеми идни sвезди, па затоа е подготвен нов долгорочен договор за 18-годишниот Фати.
Сепак, преговорите до сега пропаднаа. Причината е огромната клаузула за откуп од една милијарда евра што ја поставија за Фати. Менаџерот на талентираниот фудбалер, Жорже Мендеш, суперагент кој исто така се грижи за Кристијано Роналдо, отфрли таква сума во договорот и сака таа да биде во границите на реалноста, за да можат некои од најголемите клубови да понудат реална цифра за купување на Фати.
Исто така, агентот на Фати сака договорот да биде потпишан само на две години, пред повторно да се преговара за нов поголем договор. Од друга страна, Барса сака да го „врзе“ Фати на подолг временски период.
Барселона е крајно незадоволна од ваквиот однос на менаџерот на Фати.
Преговорите сега се во тек и треба да продолжат до Нова година. Фати има намера да остане во Барселона, но неговиот агент не сака новата идна sвезда на Барса да потпише договор што се смета за нефер, без оглед на финансиските проблеми на Барселона, поради кои останаа без Лионел Меси.
Барса неодамна потпиша нов договор со Педри, уште една ѕвезда во подем, каде успеа да стави откупна клаузула во износ од една милијарда евра.