Барселона доби нов тренер – му го чува местото на Чави

од Nikola Popovski
255 прегледи

Фудбалскиот клуб Барселона го назначи Серхио Бархуан за привремен тренер, откако претходно беше сменет Роналд Куман.

Куман доби отказ по поразот од Барселона во средата навечер од Рајо Ваљекано. За каталонскиот гигант „капката што ја прелеа чашата“ беше голот на Радамел Фалкао за 1:0.

Веднаш по тој натпревар Барса му врачи отказ на Куман, а претседателот на клубот Жоан Лапорта размислуваше да го напушти уште пред три недели, уште пред мечот со Атлетико.

„Неговите должности престануваат штом клубот ангажира главен тренер“, напиша Барселона во соопштението.

Каталонците веќе имаат решение за испразнетото тренерско место, бидејќи Марка пишува дека Чави Ернандез се согласил да го води тимот.

Во суштина, се треба да се сведе на административни пречки и договор меѓу Ал Сад, чиј тренер е Чави, и Барселона која го бара.

Покрај Бархуана, кандидат за привремен тренер беше и Алберт Капељас.

Бархуан досега беше тренер на вториот тим на Барса, а првиот меч на клупата на првиот тим ќе го има в сабота против Алавес, во 12. коло од Примера.

 

Слични содржини