Барселона доведе повратник од Премиер лигата

од Nikola Popovski
477 прегледи

Барселона донесе големо засилување за продолжението од сезоната, откако дресот на каталонскиот тим по втор пат во кариерата го облече Адам аТраоре.

Траоре и официјално е играч на Вулверхемптон, бидејќи во Барселона доаѓа на позајмица со право на откуп на крајот од сезоната за 30 милиони евра.

Дресот на каталонскиот тим го носеше во периодот од 2013 до 2015 година, кога најмногу настапуваше за вториот тим.

Барселона до крајот на сезоната ќе ги плати сите трошоци поврзани со Траоре.

Шпанскиот репрезентативец важи за еден од најбрзите и најсилните играчи во светот, но оваа сезона на 21 настап има постигнато само еден гол.

Траоре имаше понуда од Тотенхем, но тоа не му одговараше, бидејќи Конте би го користел на различни позиции, кои не ги сака.

Неговиот договор со англискиот премиерлигаш истекува во јуни 2023 година.

Барселона моментално е петта на табелата во шпанската лига со 15 бода помалку од Реал Мадрид кој е прв.

Слични содржини