Барселона на суд ќе бара правда за случајот „Гризман“

од Vladimir Zorba
245 прегледи

Барселона планира да оди на суд за да го реши случајот околу изнајмувањето на напаѓачот Антоан Гризман. Французинот моментално е на позајмица во Атлетико Мадрид, но се чини дека не игра многу, бидејќи се верува дека „јорганџиите“ намерно не го користат за да не мора да ја платат задолжителната откупна клаузула вградена во договорот меѓу двата клуба. Токму поради тоа Каталонците размислуваат да одат на суд, тврди „Мундо Депортиво“.

Во договорот за позајмица на Гризман има клаузула според која „црвено-белите“ ќе треба да платат 40 милиони евра за напаѓачот доколку одигра најмалку 45 минути во 50% од натпреварите во текот на сезоната. Сепак, 31-годишниот играч беше на клупата на секој од првите четири натпревари на Атлетико досега, влегувајќи во второто полувреме и не забележа повеќе од 30 минути игра.

„Ме познавате 10 години. За мене клубот е секогаш на прво место. Гризман беше на теренот кога ни требаше”, изјави Диего Симеоне на прашањето за малкуте минути игра на Французинот.

Со тоа навести дека можеби добил наредба одозгора да не се потпира толку на 31-годишниот напаѓач.

Сепак, Барса не е задоволна од ситуацијата и своите права ќе ги бара на суд. Случајот е доста сложен и на Каталонците ќе им биде тешко да ги убедат судиите дека Атлетико некако го прекршува договорот меѓу двете страни.

Слични содржини