Барселона нуди доживотен договор со Меси

од desk2
158 прегледи

Фудбалскиот клуб Барселона планира да му понуди на својот играч Лионел Меси доживотен договор, пренесоа шпанските медиуми.

Како што пренесе Кадена Сер, претседателот на Барселона, Џозеп Марија Бартомеу рекол дека клубот има намера да му понуди на Меси нов договор, за аргентинскиот фудбалер да остане на Камп Ноу и по Светското првенство во 2022 година.

Бартомеу се уште не разговарал со таткото на Меси и менаџер Хорхе Меси, но има намера тоа да го направи за договорот да биде што побрзо потпишан.