Барселона следна дестинација за Мане?

од Vladimir Zorba
324 прегледи

Барселона ја разгледува можноста да го привлече крилниот напаѓач на Ливерпул, Садио Мане. Досега се шпекулираше дека шефовите на „Камп Ноу“ имаат интерес за друг играч на Ливерпул во ликот на Мохамед Салах, но според новинарот Решад Рахман, Каталонците можеби ќе ги пренасочат напорите кон Мане како поевтина алтернатива за неговиот соиграч од Египет.

Мане и Салах во моментов се во слична ситуација на „Енфилд“. Договорите на двајцата играчи се до летото 2023 година и преговорите за нивно продолжување се доста тешки. Ова е главната причина за интересот на Барса, бидејќи на „Камп Ноу“ се надеваат дека ќе успеат да земат некој од нив на лето.

Не е првпат Мане да се поврзува со интерес од Ла Лига. Пред извесно време се шпекулираше дека го барале другите големи гиганти од Шпанија – Реал Мадрид, но на крајот неговиот трансфер пропадна откако Зинедин Зидан го напушти клубот во 2018 година.

30-годишниот Сенегалец има уште една силна сезона за Ливерпул. Во оваа кампања тој има 20 гола и 4 асистенции во 46 одиграни натпревари во сите натпреварувања. Во моментов неговата пазарна цена е 80 милиони евра.

Слични содржини