Барселона во шок: Меси побара да си замине од клубот

од Aleksandar Petrovski
386 прегледи

Лионел Меси им соопштил на челниците на Барселона дека сака да го напушти клубот по скоро две децении минати во каталонскиот гигант.

Клубот од Ноу Камп потврди дека фантастичниот Аргентинец испратил писмо во кое се вели дека сака да го напушти клубот.

Објавата доаѓа 11 дена откакао Барселона го претрпе понижувачкиот пораз од 8-2 од Баерн Минхен во четвртфиналето на Лигата на шампиони, еден од најголемите порази во кариерата на Меси и во клупската историја.

Барса имаше тешка сезона, за првпат не освои трофеј од сезоната 2007/2008 што предизвика огромна криза во клубот.

Меси освои рекордни шест Златни топки за најдобар светски фудбалер за време на неговиот престој во Барселона и му помогна на клубот да освои 10 титули во Ла Лига и четири трофеи во Лигата на шампиони.

Слични содржини