Баша: Претседателот ме информира за вознемирувачки факти, нема сила која ќе ја запре ротацијата

од Aleksandar Petrovski
265 прегледи

Лидерот на најголемата албанска политичка сила, Демократската партија, Љуљзим Баша, по средбата со лидерите на партиите кои ја сочинуваат обединетата опозиција, во изјава за медумите рече дека шефот на државата го информирал за „вознемирувачки факти и оти нема сила која ќе ја запре ротацијата“, јави дописничката на МИА од Тирана.

– Претседателот ме извести за вознемирувачки факти. Разговаравме за флагрантните прекршувања на Уставот од страна на мнозинството. Оваа Влада има тенденција да го зграпчи Уставниот суд, со што прави државен удар. Кога паѓаат уставните гаранции, сите се изложени на ризик. Нема сила на земјината топка да ја запре политичката ротација и доаѓањето на власт на опозицијата, рече Баша.

Посочи дека за опозицијата Парламентот е распуштен на 18 февруари минатата година, кога главната опозиција ги вратила пратеничките мандати.

– Сега сме ориентирани кон решенија. Решението не може да биде само кај нашата партија, ротацијата е неизбежна. Рама сака да продолжи и да избегне избори. Ние ќе продолжиме да разговараме со граѓаните и ќе ја објавиме нашата понуда и ќе бараме чесен изборен процес и изборна реформа. Нема сила над земјата која ќе ја запре ротацијата. Сакам да ја направиме со политички средства, но нашето обединување ќе биде големо и неизбежно, рече Баша.

Претходно, по барање на претседателот Илир Мета денеска во претседателската резиденција оствари средба со Баша.

Како што објави претседателскиот портпарол, Теди Блуши, на средбата Мета го запознал со загриженоста во врска со измените околу уставните надлежности на претседателот, со кои според Мета Владата се обидува да го финализира државниот удар.

Тој побарал од Баша да ги информира и лидерите на другите опозициски партии, што Баша и го реализира.

Слични содржини