Батлер на принцезата Дајана по долги години одлучи да ги сподели нејзините тајни

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот батлер на принцезата Дајана, Пол Бурел, по многу години се огласи со желба да им ги открие најдлабоките тајни на принцезата на нејзините синови Хари и Вилијам.

Мажот кој Дајана го нарекувала „свое кученце“ се плашел дека може да ги однесе тие тајни во својот гроб, никогаш немајќи можност да им каже на синовите на принцезата што знае за нивната мајка.

„Знам дека дел од тоа не е убаво, но ако го напуштам ова место и отидам на друго место, никогаш нема да дознаат. Мислам дека треба да знаат“, навел тој.

Во интервју за „Мирор“ во неговиот дом во Чешир, поранешниот кралски слуга рекол: „Мојата болест го фокусираше моето внимание на тоа да им кажам на момчињата работи пред да биде предоцна, кажувајќи им што навистина треба да знаат. Мислам дека Дајана би ми рекла: Пол, ова мора да ти биде приоритет. Мора да одиш да ги видиш моите момчиња“.

Минатиот месец открил дека има рак на простата и дека дијагнозата го натерала да се плаши дека ќе му снема време да им ја каже вистината.

„Поминав многу часови со Дајана, во нејзините најсреќни и најтемни времиња. Таа ми се доверуваше и има многу работи за кои никогаш не сум разговарал, но сега чувствувам дека е вистинското време. Мислам дека она што имам да го кажам би можело да ги врати момчињата заедно, што Дајана очајно би го сакала. Само ќе им ја кажам вистината, тоа е се. Не барам ништо за возврат“, истакнува Пол.

Принцовите се разделени откако Хари и неговата сопруга Меган се преселија во САД во 2020 година.

Пол рече дека би сакал да се обиде да придонесе за нивно помирување.

„Зарем не би било одлично да ги видиме како работат на нивната врска и да се вратат таму каде што треба да бидат. Јавноста би го сакала тоа. Јас би го поздравил тоа. Би сакал да го видам Вилијам како го прегрнува својот брат, но мислам дека нема да го видиме тоа бидејќи има премногу пречки на патот“, вели тој.

Сепак, тој рече дека неговата најголема желба е да добие шанса да седне со Вилијам и да ги пополни празнините од тие години што недостасуваат во неговиот ум. „Има работи што се случиле во светот на нивната мајка за кои можеби не знаат. И мислам дека тоа би можело да пополни некои празнини“.

Пол претходно се опиша себеси како најдобар пријател на Дајана и тврдеше дека таа рекла дека тој е единствениот маж на кој му верува. Довербата што таа му ја дала го навела да ги заштити нејзините тајни, но сега сака да го сподели она што го знае со нејзините синови, надевајќи се дека тоа ќе ги зближи.

„Ако некогаш седнеме, би му рекол на Вилијам: Ова е внатре во овие ѕидови и никогаш да не излегува“.

Инаку, во својата биографија „Резерва“, Хари го опишува Пол како батлер на неговата мајка.

„Ме отфрли, но не размислуваше за сите тие години што ги поминав со мајка му, насамо, грижејќи се за неа, чувајќи ја. Отпуштен сум и тажен сум поради тоа“, наветува поранешниот батлер.

„Ги гледате Хари и Вилијам како 11-годишни и 14-годишни деца кои одат зад ковчегот на нивната мајка, нацијата го виде тоа, нацијата беше сведок на тоа, а нашите срца се скршени за тие две момчиња. Тој пат оттогаш требаше да биде истиот пат. Така би сакала Дајана – двете момчиња да останат заедно до крајот на животот. Нејзината смрт требаше да ги зближи засекогаш, но тоа не се случи“.

Слични содржини