Поранешниот шампион на Формула 1, Џенсон Батон праша дали преселувањето на Карлос Сајнц Џуниор во Мекларен е чекор напред. Според Британецот, на тимот на Вокинг ќе им требаат неколку години додека не се засилат повторно и да се борат во челото.
„Дали е чекор нагоре? Тој се натпреваруваше за фабричкиот тим на Рено, кои се претставуваат многу добро оваа година. Сега оди во Мекларен. Претпоставувам дека немал можност да остане по доаѓањето на Даниел Рикардо. Можеби е правилно решение“.
„Не мислам дека, сепак, темпото на Мекларен ќе се подобри следната година. Ќе продолжи да биде многу тешко, бидејќи тие заостануваат многу назад. Тоа е голем тим, кој заработил многу првенства. Сигурно ќе успеат да се вратат, но за тоа мислам дека ќе биде потребно време“.
Батон изрази мислење дека Сајнц ќе треба да изгради присуство и да се вклучи што е можно повеќе во тимот, бидејќи доаѓа на местото на Алонсо.
„Тој треба да разбере дека ќе му треба неколку години на засилен труд, на утврдување; ќе треба да докаже дека неговото мислење тежи и дека ќе помогне болидот да се подобри. Очигледно Фернандо се повлече, бидејќи знае што прави. Тој го вади најдоброто од автомобилот секој викенд. Тоа е секогаш тешко да се постигне“.
„На крајот на краиштата, тие не би го избрале ако не мислат дека е достоен за тоа“, заврши Батон.