171
Претседателот на воениот комитет на НАТО, Роб Бауер, изјави дека Алијансата е подготвена за директен конфликт со Русија, пренесе денеска ТАСС.
Бауер рече дека НАТО ќе одговори само доколку Русија ја премине „црвената линија“ со инвазија на една од земјите-членки на Алијансата.
Посочи дека НАТО мора подобро да се увежба, бидејќи Русија, како што наведе, сè уште има иницијатива.
„Тоа што вашиот непријател има подобро оружје не е негов, туку ваш проблем“, рече Бауер.