Бауш: Локалните избори во Македонија често создаваат т.н. инвестиционен вакуум

Моделот на задолжување преку унгарскиот кредит носи повеќе ризици отколку придобивки, истакнува Бауш

од Nikola Popovski
21 прегледи Фото: Фејсбук профил на Абил Бауш

Изборните процеси на локално ниво во С.Македонија често создаваат т.н. инвестиционен вакуум. Градоначалниците и кандидатите настапуваат со амбициозни најави за капитални проекти, но институционалните и правните ограничувања, како и изборните правила, го замрзнуваат вистинското спроведување на инвестиции, истакнува економистот и професор Абил Бауш.

Тој во интервју за „Бизнис инфо“ истакнува, меѓу другото, дека моделот на задолжување преку унгарскиот кредит носи повеќе ризици отколку придобивки.

-Општините најавуваат големи инвестиции, но треба да имаме предвид дека овие средства не се грантови, туку обврски кои ќе ги плаќаат и идните генерации. Во отсуство на јасна стратегија за капитални инвестиции, постои опасност парите да завршат во предизборни инфраструктурни потези со ограничен развоен ефект. Наместо вистински економски раст, овој модел може да доведе до зголемена задолженост, фискален притисок врз општинските буџети и уште поголема зависност од централната власт, посочува Бауш.