Баварија забрани прекривање на лицето

од Vladimir Zorba
73 прегледи

Баварската Влада одобри предлог закон со кој се забранува жените целосно да го прекриваат лицето со вел на јавни места.

– Прекривање на лицето со вел ќе биде забрането во јавните служби, на универзитети, во училишта, градинки, во секторот за јавна безбедност и ред и на избори, соопшти Владата.

Баварскиот министер за внатрешни работи изјави дека муслиманка која го прекрива лицето со вел постапува спротивно со германската култура на комуницирање.

Баварија беше прва „точка“ за влез на стотици илјади бегалци и мигранти во Германија во 2015 година. Баварскиот премиер Хорст Зехофер е еден од најгласните критичари на политиката на отворени врати за мигрантите спроведена од канцеларката Ангела Меркел.