197
Полицијата уапси жена во германската покраина Баварија, која е осомничена дека со меч нападнала неколку лица.
Жена повредила неколку лица со меч денеска во центарот на Вајден ин дер Оберфалц, во германската покраина Баварија.
Очевидци на нападот повикале полиција и пријавиле дека жена нападнала неколку лица со предмет налик на меч.
Полицијата по пристигнувањето на местото на нападот ја привела жената и соопштила дека повеќе нема никаква опасност за населението.
На местото на настанот пристигнала брза помош и била укажана на неколку повредени лица.
Други детали за овој напад засега не се познати.