Рускиот амбасадор Сергеј Бездникин не сака да коментира поради кои причини Министерството за надворешни работи му врачил нота за протерување на рускиот дипломат, сподели Сител.
Вели дека одговорот лежи на другата страна и вели тие не се повикани да даваат објаснување, туку македонското МНР.
По најавата од амбасадата дека Русија ќе возврати со реципрочни мерки не откривајќи какви, амбасадорот Бездникин тврди дека тоа нема да влијае на пратката од 200.000 вакцини Спутник кои треба да пристигнат во земјава.
Од Москва потврдуваат дека подготвуваат одговор за Македонија и потегот го сметаат за несоодветен во диполоматските односи.