Бејта за Груби: Не е од металите кои се мерат со карати, тој е тенекија

од Nikola Popovski
214 прегледи

Екс-градоначалникот на Гостивар и член на ДУИ – дел од таканаречената „Огнена група“, Невзат Бејта синоќа упати повеќе сериозни обвинувања против своите сопартијци Артан Груби и Талат Џафери.

Тој го обвини претседателот на Собранието дека е во коалиција со Арбен Таравари од 2017 година.

-Што се однесува до соработката на ДУИ со Арбен Таравари, соработката е тајна од 2017 година и координатор беше Талат Џафери. Талат Џафери се мобилизираа и создаде свои структури за да ме елиминираат од Гостивар и му помогнаа на Арбен Таравари на локалните избори, изјави Бејта во емисијата „200“ на ТВ Алсат.

Запрашан „зошто Груби му е толку скап на Ахмети“, Бејта одговори:

-Груби не е од металите кои се мерат со карати, туку е метал кој нема карати, бидејќи ако имаше карати ќе беше добро. Тогаш немаше да прави раскол во ДУИ. Тие што немаат карати се железо, тенекија. Металите кои имаат карати се добри метали и вредни, луѓето ги сакаат, рече меѓу другото членот на ДУИ.

Вицепремиерот ги отфрли гласините дека се обидува да го преземе кормилото на ДУИ по заминувањето на Али Ахмети. Груби синоќа во изјава за „Лајм“ рече дека нема такви амбиции, а воедно му одговори и на Бејта.

-Бејта ми е сопартиец. Му посакувам нему и на неговото семејство се најдобро, изјави Груби.

Слични содржини