Бебе е спасено во турската провинција Хатај 107 часа по смртоносниот земјотрес што во понеделникот ги погоди Турција и Сирија, изјави турскиот министер за здравство Фахретин Коџа.
Како што информира Си-Ен-Ен Турк, бебето има два месеци. Коца на Твитер објави и видео од бебето и рече дека преживеало иако било гладно со часови.
-Бебето моментално е во градската болница во Адана и е во добра здравствена состојба, известил Коца.
Турската државна телевизија, исто така, прикажа видео од насмеаното бебе, велејќи дека е живо по „огромните вложени напори да се спаси“, пишува Index.hr.
Hatay’da enkaz altından 107. saatte kurtarılan, saatler süren açlığına rağmen hayatta kalan, tüm Türkiye’nin ekranlardan tanıyıp bağrına bastığı bebeğimiz Adana Şehir Hastanesinde ve sağlık durumu gayet iyi. pic.twitter.com/UotsJFwJAI
— Dr. Fahrettin Koca (@drfahrettinkoca) February 12, 2023
Фото: Social Media / Handout / AFP / Profimedia