Бебе почина откако баба и ја оставила во жежок автомобил 8 часа: Имало само 13 месеци…

од Vladimir Zorba

Страшна вест ја потресе американската заедница Смиттаун во понеделникот кога тринаесетмесечно девојче почина откако нејзината баба ја оставила во жежок автомобил, каде девојчето ги поминало следните осум часа, пишува ABC.

Според информациите од локалната полиција на округот Сафолк, девојчето требало да биде однесено во градинка, но бабата (54) го заборавила детето на седиштето и отишла на работа, а температурата од 28 степени се покажала фатална.

Кога несреќната баба, осум часа подоцна, се вратила во автомобилот за да оди во градинка да го земе детето, сфатила што се случило. Веднаш повикала брза помош и девојчето било пренесено во болница, но за жал, лекарите не можеле да и го спасат животот.

Истрагата за несреќата е во тек, а полицијата ги проверува сите околности за да утврди дали имало невнимание. Се уште не е поднесена кривична пријава.

Секоја година во САД 40 деца умираат од топлотен удар, повеќето од нив затоа што родител или старател ги остава во автомобил, според американското Министерство за транспорт.

Слични содржини