Протест во Лондон, Велика Британија поради посетата на претседателот на САД, Доналд Трамп на земјата. Десетици илјади луѓе организираа марш, а на небото лета балон во облик на бебе со ликот на Трамп.

Демонстрантите со голем балон, кој го претставува Трамп како бебе кое плаче.
Најавите се дека балонот ќе биде пуштен и над Вестминистерската палата, каде се одржува централниот протест, поради имиграционата политика на Трамп, расните односи, непочитувањето кон жените и климатските промени.
На протестите против посетата на американскиот претседател Доналд Трамп во Лондон денеска се очекуваат преку 100.000 луѓе, а уште стотици илјади и во други градови. За утре демонстрации најавија неговите поддржувачи, што ќе претставува голем предизвик за полицијата.
Балонот – бебето Трамп, најавуваат активистите, ќе го следи американскиот претседател и при неговото патување во Шкотска. Организаторите на протестот побарале дозвола балонот да биде поставен близу теренот за голф во сопственост на Трамп, каде тој ќе го помине викендот.