Беџети се жали на притисок од антикорупционерите, најавува и постапка против нив

од desk2
152 прегледи

 

Додека јавното обвинителство ја чека одлуката на Антикорупциска против градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети обвинува за хајка и притисок против него. Ја повика антикорупциска да не се занимава само со него, туку и со пратениците. Антикорупциска комисја го терети Беџети дека нелегално постапува во случајот дивоградби на Матка.

Телевизија 24 стапи во контакт и со градоначалникот на Општина Сарај кој е надвор од државата но во телефонски разговор вели.

„За сега во општината кај нас не е пристигната одлуката на антикорупциска за платформата, но сметам дека ова е хајка и притисок кој се води против мене и тоа не е решение. Сепак јас сум во комуникација со адвокат и ќе покренам постапка против антикорупционерите. Наместо да се занимаваат со мене нека се позанимаваат и со пратениците кои ги носат законите за градба во законодавниот дом.“ – додава Беџети во краток телефонски разговор за ТВ 24 .

Од Јавното Обвинителство пак се уште ја чекаат иницијативата на Антикорупциска за постапката која ја отвори против градоначалникот на Сарај за платформата на кањонот Матка .

„За сега се уште не е пристигната кривичната иницијатива на Антикорупциска за која медиумите информираа вчера. Откако ќе пристигне иницијативата ЈО ќе информира дали и кои чекори ќе ги превземе.“ – велат во краток телефонски разговор за ТВ 24.

А на Матка непроменета слика. Дел од луѓето кои што работат на платформите каде што се организираат тури со чамец низ езерото не сакаа да говорат јавно пред камерата. Најголем дел од туристите кои ги регистрираше нашата камера беа странци и не се запознаени со случаите, оние кои пак имаат викендици во близина велат разочарани се што со години никој од надлежните институции не превзема ништо во врска со дивоградбите.