Беџети побара од Груби да се врати во Македонија

од Nikola Popovski
70 прегледи

Координаторот на пратеничката група на Европскиот фронт, Блерим Беџети побара од својот довчерашен сопартиец Артан Груби да се појави пред органите на прогонот и да се соочи со законот, по објавената кривична пријава против него за сторена злоупотреба на службена должност и проневереа во „Државна лотарија“. Во емисијата „Дејли клик“, Беџети за Груби истакна и дека дали е чист или сторил кривично дело, тоа треба да го утврдат уставните органи на државата.

„Јавно го повикувам Артан Груби во име на партијата, но и од мое име да се појави пред органите на прогонот за да се соочи. Тоа е поврзано со случајот со Лотарија. Како и секој граѓанин, носител на јавна функција која му била дадена, нека дојде и за тоа дали е чист или направил прекршување на законот, ќе утврдат уставно-правните тела. Посакувам исто така да се соочат и другите“, вели Беџети.

Пред бегството, откако САД го ставија на црната листа, Груби најави дека ќе се повлече од јавниот и политички живот, а за ова Беџети појаснил дека екс-вицепремиерот повеќе не е дел од ДУИ.

„По тој момент, Артан Груби се повлече од јавниот живот. Секако дека има и информации дека однапред има таква одлука во партиските органи и се повлекол од секое тело и улога и всушност не е дел од ДУИ по таа одлука“, информира пратеникот.

Слични содржини