Бега ли? Груевски заминал порано за Малта за да го избегне распитот во СЈО- Го викаат трет пат !

од Vladimir Zorba
93 прегледи
5 владини функционери создале организирана група која вршела кривични дела против изборите и гласањето, а преку нив е извршен и финансиски криминал!
Поранешниот премиер Никола Груевски наредните денови е повикан во СЈО на распит по трет пат, потврдија за Телма извори од истрагата. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е еден од 17-мината за кои е проширена истрагата Титаник за изборнни кривични дела извршени во периодот помеѓу 2011-та и 2014-та, пренесе тв Телма.

Досега двапати е одложуван распитот на Груевски затоа што тој преку своите адвокати испратил оправдување дека поради обврски не може да се јави во закажаниот термин. Втората покана била за понеделникот, но Груевски доставил известување дека ќе биде на конгресот на Европските народни партии во Малта.

Иако конгерсот на Малта почнуваше во средата, Груевски преку Истанбул замина два дена претходно, денот кога требаше да се појави во СЈО. Поради оправдувањето дека не може да дојде на распит, закажан му е нов трет термин за наредните денови.

Досега во рамките на проширување на истрагата Титаник, во СЈО се јавиле екс-министрите Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, актуениот министер Никола Тодоров,  некогашниот генерален секретар на владата Кирил Божиновски, а вчера бил и пратеникот Илија Димовски.

Дел од функционерите и претходно беа осомничени во Титаник, но истрагата за нив е проширена со други изборни кривични дела. Проширувањето на истрагата беше објавено на 28-ми февруари и тогаш беше објавено дека прислушуваните разговори и материјални докази покажале како 5 владини функционери создале организирана група која вршела кривични дела против изборите и гласањето, а преку нив е извршен и финансиски криминал.

Повеќе тука