Бегал од глад и сиромаштија со брод, а синоќа играше во полуфиналето на ЛЕ

од Vladimir Zorba

Почетокот на мај 2021 година, ЕБРИМА ДАРБО ќе го памети до крајот на животот. Тој најпрво дебитираше во италијанската лига во неделата, играше седум минути во поразот на Рома против Сампдорија, а потоа синоќа го забележа и својот прв настап во Лигата на Европа во победата од 3:2 против Јунајтед.

Дарбо доби шанса против славниот клуб во полуфиналето од Лигата на Европа по само половина час поради повредата на Крис Смолинг и гледачите беа воодушевени од играта и смиреноста што ја покажа 19-годишникот интернационалец од Гамбија .

„Бев многу нервозен кога влегов во игра. Пред четири или пет години ги гледав тие играчи на ТВ и сега го долеам теренот со нив. Бев многу возбуден поради сето тоа“, изјави Дарбое по полуфиналето во кое Рома загуби со вкупни 5: 8.

Младиот играч за врска имаше 14 години кога се прости од мајка си, братот и сестрите во Бакотек, Гамбија и се упати кон Европа со едвај педесет килограми. Неговиот татко починал кога бил дете, а тој избегал од глад и сиромаштија за да се обиде да заработи пари за семејството.

Слични содржини