242
На стартот на вториот натпреварувачки ден на Европското првенство, Велс и Швајцарија ремизираа 1:1 во Баку, а по мечот во таборот на Велс имаше најмногу задоволство од освоениот бод.
Капитенот Герет Бејл истакна дека е горд на постигнатиот резултат.
Швајцарецот водеше со голот на Брела Емболо, а стрелец за Велшаните беше Кифер Мур.
„Беше малку напнато, но резултатот не беше лош. Можевме да пропаднеме на 0:1, но покажавме карактер, како и секогаш, и покажавме класа потребна за израмнување. Горд сум на момците, работевме напорно. Ќе мораме да го искористиме ова реми како отскочна даска за следните натпревари“, рече капитенот на Велс.