Бејл се надева дека ќе остане во Л.А. до ЕП 2024

од Vladimir Zorba

Поранешниот играч на Реал Мадрид, Герет Бејл, увери дека МЛС не е лига за играчи, кои се пред откажување од спортот. Репрезентативецот на Велс, исто така, рече дека се надева оти преселбата во новиот тим ФК Лос Анџелес ќе му овозможи да остане подготвен за репрезентацијата на неговата земја до Европското првенство во 2024 година. Неговиот сегашен договор е за една сезона, но може да биде продолжен до 2024 година, кога Бејл се надева дека Велс ќе учествува на Европско првенство.

32-годишниот Герет Бејл го напушти Реал Мадрид на крајот на јуни откако му истече договорот со шпанскиот гигант. Неговата посветеност на клубот во последните години често беше доведена во прашање од шпанските медиуми и поддржувачи на тимот. За разлика од Реал, Бејл ужива во признанието на навивачите на репрезентацијата на Велс, откако му помогна на тимот да се квалификува за Светското првенство во ФИФА за прв пат од 1958 година.

„Како што реков, тоа е првенство што е навистина развиено и измина долг пат во последните 10 години“, изјави Бејл на новинарите на неговото официјално претставување.

„Мислам дека се прави сериозен напор за напредок во лигата, а играчите кои доаѓаат можат да го видат тоа. Мислам дека никој повеќе не го гледа овој шампионат како таков за натпреварувачи, кои се на прагот да се откажат. Сето тоа е многу возбудливо. Играњето пред такви навивачи е една од причините зошто играте фудбал“, додаде Герет Бејл.

Слични содржини