Бејл потврди – се сели во „Градот на ангелите“ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
159 прегледи

Герет Бејл веќе е фудбалер на американскиот ФК Лос Анџелес. Самиот Велшанец објави дека потпишал со клубот од МЛС. Тој на социјалните мрежи објави кратко видео на кое носи дрес на својот нов тим, а под објавата напиша: „Се гледаме наскоро, Лос Анџелес“.

Договорот на Бејл е на една година, со опција за продолжување на уште 18 месеци. Поранешниот играч на Реал Мадрид ќе биде соиграч со Џорџо Киелини и Карлос Вела. Главен тренер на ФК Лос Анџелес е поранешниот американски репрезентативец Стив Черундоло, кој направи солидна кариера во Бундеслигата.

Новиот тим на Бејл е на врвот на табелата во МЛС, со натпревар помалку од повеќето тимови во првата половина на табелата.

Слични содржини