Бејл се изнасмеа кога Анчелоти му кажа на Азар дека нема да игра

од Vladimir Zorba
370 прегледи

Герет Бејл повторно ги изнервира навивачите на клубот кој го направи првиот играч кој „вреди“ 100 милиони евра. Тоа беше летото 2013 година кога за него на Тотенхем му плати 101 милион евра.

Осум и пол години подоцна, Бејл е проценет на 5 милиони. Не само затоа што летото наполни 33 години, туку затоа што игра лошо и многу малку. Последен пат за Реал играше на 28 август минатата година, а оттогаш постојано е повреден или на клупата.

На своето „работно место“, каде што го чека летото и крајот на раскошниот договор со Реал, направи нов во низата потези на кои мадриѓаните негодуваат. Во 75. минута на натпреварот меѓу Атлетик Билбао и Реал во четвртфиналето на Купот, тренерот Карло Анчелоти го повика Еден Азар кого малку порано го испрати да се загрева да се врати на клупата.

Тоа значеше дека се откажа да го внесе во игра. На овој болен пад на уште еден прескап неуспех на Реал, платен 115 милиони евра, Бејл реагираше со смеење.

Камерите на „Ел Чирингито“ го фатија како гласно се смее кога Азар доби наредба да се врати на клупата. Навивачите на Реал му замеруваат од неколку причини: поради тоа што е рецидивист, потоа поради неколегијалноста кон соиграчот и на крајот затоа што вака се насмеа додека Реал беше под голем притисок од противникот од кој загуби со 1-0 и испадна од натпреварувањето.

Слични содржини