Герет Бејл нема добар однос со медиумите, а дополнително ќе го влошат последните изјави за Sky Sports во врска со неговата иднина.
Велшанецот наскоро ќе мора да се врати во Мадрид бидејќи позајмицата во Тотенхем е завршена, сепак, големото прашање е дали ќе остане во Реал или последната година од договорот повторно ќе ја помине во друг клуб. Засега нема индиции дека лондонските „петли“ ќе ја активираат клаузулата според која можат да го задржат уште една сезона, без оглед на 16 погодоци на 34 натпревари и подемот на формата во вториот дел од сезоната, по заминувањето на Жозе Мурињо, а не делува дека во кралскиот клуб се заинтересирани за неговото враќање. Што евентуално може да се промени со заминувањето на Зинедин Зидан.
Шпански АС дури напиша дека 31-годишниот напаѓач планира да се врати во Мадрид за да ја заврши последната година од договорот, а потоа да се пензионира. Не би било толку чудно со оглед на незаинтересираноста на Бејл за клупскиот фудбал во последните неколку години.
Тој долго време беше мотивиран само со играње за репрезентацијата на Велс, што уште еднаш го потврди.
„Знам што ќе правам, но само би предизвикал хаос ако зборувам за тоа сега. Сега размислувам само за Велс”, изјави Бејл за Sky Sports, осврнувајќи се на претстојното Европско каде што неговиот тим ќе игра во група со Швајцарија, Турција и Италија.
Во неделата, во последното коло од Премиер лигата, тој беше двоен стрелец во победата од 4:2 над Лестер. Ќе дознаеме дали ова биле последните голови во неговата кариера за клубот од кој се пресели во Реал во 2013 година за тогаш рекордни 91.000.000 евра, по Европското првенство, кое се игра од 11 јуни до 11 јули оваа година.