Бејта, Беџети и Џафери и понатаму се дел од ДУИ, порача Османи

од Nikola Popovski
348 прегледи

Членовите на „Огнената група“ Невзат Бејта, Блерим Беџети и Муса Џафери кои не се приклучија на новото политичко движење на Изет Меџити, се уште се дел од ДУИ. Ова денеска го обелодени портпаролот и нов потпретседател на ДУИ, Бујар Османи.

Според него, тие не се изјасниле дека ќе учествуваат во друг политички субјект.

Секако дека ќе треба да разговарате со нив, би било поправилно, но тоа што беа на седницата на Генералниот совет, не се изјаснија дека се дел од нови движења, нови структури, нови организации, остава простор оваа дебата да се развива понатаму во партијата за да видиме што е понатаму во оваа насока, кажа Османи во емисијата „Клик плус“.

Беџети, градоначалник на општина Сарај неодамна порача дека како фракција во ДУИ не треба да формираат посебна политичка партија.

Има разлики меѓу нас. Ние сме фракција во рамки на ДУИ и треба разликите да ги решаваме внатре во ДУИ. Не затоа што Блерим Беџети, Муса Џафери и Невзат Бејта се против формирање на нов политички субјект, туку затоа што нема потреба од тоа, бидејќи така се распарчува албанскиот електорат, рекол Беџети во разговор за „Журнал“.

Негира дека имале соработка со други партии, вклучувајќи ја и ВМРО-ДПМНЕ.

Меџити веќе го формира своето политичко движење, кое официјално ќе биде претставено на 13-ти август.

Слични содржини