Дејвид Бекам повторно покажа дека е татко за пример. Поранешниот фудбалер ja зел при срце приватноста на својот најголем син Бруклин (20) и во разговор во четири очи му дал совети како да се справи со неговата девојка Хана Крос (22).

Младиот Бекам и партнерката имаа жестока јавна расправија за време на фестивалот во Кан пред две недели и тоа го испровоцирало спортистот да интервенира.

“Дејвид имаше разговор со Бруклин, бидејќи двајцата со Викторија се загрижени за неговата врска со Хана, која не се развива добро. Младите постојано се расправаат во изминатите неколку недели и фудбалерот го натерал да размисли дали има иднина со неа “, изјави извор за The Sun.

Според информаторот, Бекам дури и го принудил неговиот син да не ја носи повеќе Хана на нивните семејни настани.

“Давид побарал Бруклин да поминува повеќе време со своето семејство за да можат да разговараат како мажи. Тој е свесен дека љубовта на младите години е комплексна и не сака нивните јавни скандали да станат традиција. Тој се обидува да не се меша остро, но само му дава совети на Бруклин. Но, на сите им е јасно дека Давид не е најголемиот  обожавател на Хана “, рече близок до ѕвездите.

Бруклин и убавицата ги започнаа своите односи во почетокот на декември. До сега, тие се разделуваа многу пати и често паѓаат меѓу жолтите наслови поради нивните постојани јавни скандали.

Родителите на младиот Бекам видливо се доста загрижени за неговиот приватен живот и не сакаат тој да му го афектира позитивниот имиџ во јавноста.