Бекам сака Италијанец на клупата на Интер Мајами

од Aleksandar Petrovski

Дејвид Бекам успеа да го спроведе својот проект на дело, со основање на фудбалскиот клуб Интер Мајами, кој од наредната сезона ќе се натпреварува во МЛС лигата.

Се говори за бројни играчи кои би можеле да го засилат неговиот тим, како на пример Давид Силва и Луис Суарез.

Прашање е кој ќе ја предводи екипата, се шпекулираше со името на поранешниот тренер на Реал, Сантијаго Солари.

Сепак Бекам има многу поголеми амбиции, па на клупата на Интер Мајами сака искусен стратег.
Италијанските медиуми ги наведуваат Џенаро Гатусо или Карло Анчелоти.

Гатусо е без ангажман откако го напушти Милан, а Анчелоти го предводи Наполи, но се говори дека на крајот од сезоната ќе си замине.

Слични содржини