Беќаровски: Бројките на заболени стрмоглаво паѓаат, умните влади состојбата ќе ја искористат за брза имунизација

од Берта Китинска
424 прегледи

Бројките на новозаболени од Sars-Cov-2, низ цела Европа, зачудувачки и стрмоглаво паѓаат. Тоа е прекрасна вест, која умните влади и организирани држави ќе ја искористат за брза и масовна имунизација на своите жители, со што ќе го зададат решавачкиот удар на пандемијата, пишува Професор д-р. Нико Беќаровски од Универзитетската клиника за токсикологија на својот Фејсбук профил.

-Сите други наесен повторно ќе станат ендемски жаришта, каде ќе има малку смеа а премногу солзи. Ајде сите заедно да помогнеме октомври да е месец на насмеани лица, на ученици во училишните клупи, студенти во студентските домови, отворени театри, кина во цела Македонија, пишува Беќаровски.

Слични содржини