Д-р. Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија преку својот Фејсбу профил предложи три “стимулативни мерки” за успешна вакцинација во Македонија:
– 1. За сите граѓани на Македонија кои ќе ја завршат комплетната вакцинација од утре до 15 септември, владата да организира бесплатен “гала концерт” на 1 октомври со “мегаѕвездите” Цеца, Брена, Аца, Јелена, Адил, Џенан … (минимум 100.000 нововакцинирани).
2. За сите кои комплетно ќе се вакцинираат до 15 септември, од 16 септември да се пушти специјален ТВ канал кој 24 часа ќе емитува најнови турски серии. (минимум 250.000 нововакцинирани домаќинки и пензионери).
3. За сите преостанати, невакцинирани, годишна преплата во библиотека, како замена за нивната непрежалена кафеана, предлага Беќаровски .