Бекер во одбрана на Ѓоковиќ: Ако не е вакциниран, не значи дека е лош човек

од Берта Китинска
397 прегледи

Tрикратниот освојувач на Вимблдон и поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер застана во одбрана на српскиот тенисер откако беше затворен во хотел во Мелбур.

„Мора да ја почитувате својата одлука. Тоа што не сте вакцинирани, не значи дека сте лош човек. Новак имаше медицински исклучок, заедно со уште петмина други. Тие контактирале директно со Австралијан опен и тоа било професионално завршено“, кажа Бекер во интервју за „Билд“.

Борис кажа дека ги разбира Австралијанците кои во претходните две години се наоѓаат во спефицична ситуација.

„Не ги прекршил правилата, на сите ни е познато дека може да игра, но очигледно некои Австралијанци не си ги виделе семејствата цела година и ја разбирам нивната реакција, но сакам да го одбранам Ѓоковиќ зашто тој немаше да оди во Мелбурн ако не добиеше дозвола“, вели Бекер.

Слични содржини