Бектеши: Ако дојде до ценовни шокови, ќе ги замрзнеме цените на основните производи

од Nikola Popovski

Ќе ги замрзнеме цените на основните прехранбени производи, во зависност како ќе се движат работите. Ако има ценовни шокови, веднаш ќе постапиме, информира денеска министерот за економија Крешник Бектеши, во врска со можната инфлација во земјава.

Според него, доколку дојде до тоа, не станува збор за 50%, како што се објави во претходните денови.

-Директно ќе се вклучиме во замрзнување на цените на млекото, лебот, брашното, шекерот, солта, маслото, укажа Бектеши и додаде веќе еднаш како држава ги намалија цените во екот на пандемијата и според него, со тоа сме 6 месеци пред регионот, во однос на трговијата, потенцира Бектеши.

Слични содржини