Бектеши: Арсовска нема капацитет да го реши парното во Скопје

од Берта Китинска
240 прегледи

Министерот за економија Крешник Бектеши обвинува дека градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска нема капацитет да го реши парното и да се справи со енергетската криза.

-Пред неколку месеци, поточно пред шест месеци, имавме голема криза заради цената на гасот која енормно растеше на светски берзи и имаше опасност Скопјани да останат без парно греење.Додека Владата се обидуваше да го најде најдобриот можен начин да се реши проблемот со снабдувањето со топлинска енергија и за тоа најмала штета да имаат граѓаните, Градот Скопје и градоначалникчката Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ веднаш излегоа и кажаа дека тие имаат “решение”како да го решат проблемот со непречено снабдување со топлинска енергија, вели министерот.

Тој посочува дека тогаш владата успеала да ја изменаџираме кризата за краток рок, и тоа успешно.

-Не само што немаше прекин на испораката на парно греење за Скопјани, туку немаше ни зголемување на цената, односно на сметките за парно за граѓаните.Но, што се случува сега. Во услови кога треба долготрајно решение за менаџирање со парното греење во Градот, а имаме време до средината на октомври кога почнува новата грејна сезона да најдеме решение градоначалничката на Град Скопје Арсовска заеедно со ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса, кои пред шест месеци први излегоа со “решение”за парното греење, сега бегаат од одговорноста која како локална власт ја имаат со закон. Згора на тоа и признаваат дека немаат ниту капацитет, ниту воља да се справат со оваа ситуација.Сакаме да ги увериме Скопјани и покрај неодговорноста на градоначалничката, Скопјани и сите граѓани да бидат спокојни бидејќи навремено ги превземаме сите неопходни мерки кои обезбедуваат непречено и континуирано снабдување со парно греење, како и со електрична енергија во услови на светска економска криза, посочува Бектеши.

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска истакна дека Град Скопје нема никакви ингеренции во врска со БЕГ, и дека изворите на енергија со кои стопанисува државата не треба да бидат давани под концесија.

-Во овој момент ние немаме никакви ингеренции. Да не се дозволи граѓаните во месеците кои претстојат да се соочат со криза на топлинска енергија. За Скопје ова е стварно голем проблем кој треба да има трајно и системско решение и верувам дека треба веќе да почне да се размислува на кој начин ова би се решило. Треба да се отпочне со сериозни размислувања, со сериозни анализи за овај проблем. Во изминатата грејна сезона имаше голем број на проблеми кога станува сбор за топловодната мрежа во градот Скопје. Изворите на енергија кои ги има Македонија не треба да бидат давани под концесија. Тоа е нешто што е од национален интерес каде треба да се погрижи самата држава, истакна Арсовска.

Претседателот на Регулаторна Марко Бислимовски пред неколку дена изјави дека тече постапката за одземање на трите лиценци за работа на БЕГ. Бислимовски посочи дека БЕГ всушност и должи на државата и затоа според него, најдобро би било државата да го преземе управувањето. Ако тоа не се случи,ќе треба да се распише тендер на кој ќе се бара фирма.

Слични содржини