Бектеши бара цените на производите да останат замрзнати и во февруари

од Берта Китинска

Министерот за економија Крешник Бектеши информира дека министерството побарало од Владата да ја продолжи мерката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи.

-Министерството за економија достави одлука до Владата со која се предлага мерката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи да се продолжи до крајот на февруари 2022 година, напиша Бектеши на Фејсбук.

Во декември владата донесе одлука првично да се замрзнат цените на лебот, шеќерот, брашното, сончогледовото масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, месото, сувомесните производи, сирењето и урдата.

На оваа листа беа додадени уште три основни прехранбени производи ориз, јајца и тестенини.

-Цените од 1 декември ќе важат до 31 јануари 2022 година. Цените не може да се зголемат туку само да се намалат и затоа ние правиме напори да го зголемиме производството на електрична енергија, да нема ценовни шокови со електричната енергија и трошоците на претпријатијата да бидат помали, кажа неодамна министерот за економија Крешник Бектеши.

Ограничувањето на цените на примарните производи на слободниот пазар беше поттикнато од здравствената и енергетската криза во светот како и потрошувачката моќ на граѓаните.

Слични содржини