Бектеши: Бислимоски ќе има право да интервенира во цената на струјата, иако нема да поскапи по 1. јануари

од Nikola Popovski

Никако нема да имаме повисока цена на струјата, имајќи во предвид дека тоа е предвидено со Законот за енергетика. РКЕ има обврска да направи надзор и да утврди дали пресметките се направени како што треба. Со последните измени на Законот за енергетика, воведовме универзален снабдувач на кого рокот му истекува наредната година, а започната е постапката за нов универзален снабдувач, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши по најавите дека РКЕ отсега нема да ја одредува цената на електричната енергија, туку тоа ќе го прави ЕВН Хоум.

Министерот истакна дека и по 1-ви јануари 2024 година ќе биде истиот тарифен систем. Според него, претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски ќе има право да интервенира во цената, ако се утврди дека пресметките не се направени правилно.

-Нема да се зголеми цената на струјата по 1-ви јануари и во блоковите и во целина. Сакаме се повеќе да ги заштитиме ранливите категории на граѓани и тие кои што штедат, кажа Бектеши во изјава за медиумите.

Околу тоа кој ќе има го има последниот збор во однос на одредувањето на цената, Бектеши е дециден дека тоа ќе биде Регулаторната комисија бидејќи, како што вели, ќе направи надзор и дали начинот на пресметка согласно тарифниот систем, е направен коректно.

Слични содржини