Бектеши: Граѓаните да пријават доколку сметаат дека има грешка со повисоки сметки за струја

од Nikola Popovski

Цените во блоковите се многу транспарентно објавени од РКЕ. Не верувам дека има зголемување на цените, повеќе од тоа што е утврдено од РКЕ, рече министерот за економија, Крешник Бектеши откако дел од граѓаните се пожалиле на повисоки сметки за струја, повеќе од предвиденото.

Според него, граѓаните секогаш имаат право на жалба во РКЕ и ги повика доколку мислат дека има грешка и злоупотреба, тоа да го пријават и ќе се среди веднаш.

-До 1 јули нема да има измена по цената во блоковите, бидејќи е предвидено со закон. Согласно анализите и заложбите, и потоа не очекуваме да има зголемување на цената на електричната енергија, кажа Бектеши на денешната прес-конференција во Владата.

Слични содржини