Бектеши: Имаме механизми за да се справиме со поскапувањата на производите

од Nikola Popovski

Будно ја следиме ситуацијата во делот на глобалниот ланец со прехранбените производи. Тоа го покажавме и во време на пандемија, вели министерот за економија, Крешник Бектеши како одговор на прашањето дали ќе дојде до поскапување на прехранбените производи до 50% до крајот на годинава.

Според него, владата има механизми.

-Ако се повикаме на Законот за трговија каде што за основните производи можеме да донесе одлуки во делт на замрзнување на одредени цени, било кај прехранбените производи кои се увезуваат или продаваат директно на мало или големо. За нас е важно да ги известиме граѓаните дека работиме на зголемување на платите и во приватниот и во јавниот сектор, додаде Бектеши пред новинарите.

Слични содржини