227
Инспекторите не постапуваат селективно. Тие според постоечките закони не можат да ги затворат угостителските објекти кои не ги почитуваат мерките и протоколите на Владата, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
Новите законски решенија со кои се прошируваат надлежностите на инспекциските служби, според министерот Бектеши, ќе им овозможат навремено да реагираат и да ги казнуваат оние угостители кои не ги почитуваат протоколите со цел да се заштити јавното здравје.
– Верувам дека ова законско решение ќе помине што побрзо во Собрание. Приоритет треба да ни биде нашето здравје и здравјето на нашите најблиски, рече Бектеши, одговарајќи на новинарски прашања по доделувањето на финансиска поддршка на жените претприемачи.