Бектеши: Казни до 2 000 евра, ако маркетите и продавниците немаат редари

од Берта Китинска
298 прегледи

Според донесената Уредба, од денеска сите трговци се должни да постават и соодветни ознаки за одбележување на правецот на движење и запазување на минимално потребното растојание.

„Трговци се должни да обезбедат редарска служба при влезот и во внатрешноста на објектот за да се запази минимум потребното растојание меѓу лицата.Воедно должни се да постават ознаки на движење и запазување на минимум растојание од 2 метри за чекање во ред на лицата пред и во објектот и тоа пред секоја каса за наплата и пред влезот на објектот. Ако некој не ја почитува мерката за малите и микро трговци е предвидена глоба од 500 до 1 000 евра, додека за средните и големите казната изнесува од 1 000 до 2 000 евра“, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши на денешната прес конференција.

Слични содржини