Министерот за економија, Крешник Бектеши информираше дека преговорите со српскиот тим се при крај, се со цел ние да излеземе во пресрет на Република Србија во делот на снабдување со електрична енергија, а тие да не снабдуваат со пристојни цени во делот на природен гас.
-Убеден сум дека ќе има договор со Србија, бидејќи е работено повеќе од еден месец. Цените ќе бидат пониски од тоа што се пониски на берзата. Би требало да бидат три-четири пати пониски од тие на берзата, а замена за тоа ние ќе ја снабдуваме Србија со попристојни цени со електрична енергија од нашите домашни капацитети, рече Бектеши.
Тој вели дека не ни треба да го прочита Договорот меѓу Србија и Газпром, но не верува дека некој може, бидејќи тоа е деловна тајна.
-Ние не преговараме со Газпром, туку со Србија-Гас. Тој договор ќе биде меѓу Македонија и Србија. Како тоа технички, ќе се спроведе е нивна работа. Гасот ќе дојде преку цевката што ја имаме со Бугарија, кажа Бектеши во емисијата „Топ тема“.