Бектеши на состанок со раководството на СКСЗМ: Преку соработка со Коморите креираме мерки за подобрување на бизнис климата

од Vladimir Zorba
319 прегледи

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска оствари работен состанок со раководството на Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ).

На состанокот се разговараше на повеќе теми меѓу кои мерките кои ги превзема Владата за поддршка на бизнис секторот, продлабочување на соработката во делот на крерирање на политики за подобрување на бизнис климата во земјата и животниот стандард на граѓаните.

„Со раководството на  СКСЗМ разговаравме на повеќе теми кои се од важност за поддршка и развој на бизнисот. Рзговаравме за новите измените на Законот за индустриски зони кои што се подготвуваат во делот на индустриските зони кои се во надлежност на општините. Една од темите за кои разговаравме беше вклучување и на други сектори кои ќе бидат опфатени со Законот за финансиска поддршка на инвестициите, како и за новиот механизам кој го подготвуваме во делот на скрининг на странските и домашните инвеститори во делот на безбедноста. Откако стапи на сила новиот Закон за заштита на потрошувачите, со раководството на Комората разговаравме и за вопсоставување на новите антимонополски регулативи и механизми за заштита и на потрошувачите и на компаниите на кои во моментот работи Министерството за економија“ кажа министерот Бектеши.

Во однос на измената на Законот за индустриски зони министерот потенцираше дека се работи на зголемување на надлежностите на Дирекцијата на технолошко развојни индустриски зони во зоните основани од општините.

„Ќе може да интервенира во подобрување и инвестиции во инфраструктурата кај инвестициите кои се во надлежност на општините. По барање на општините каде што има простор за развој и интерес за инвестирање, и неможност од општините Дирекцијата за зони со поддршка на Владата ќе може да инвестира во изградба на патна инфраструктира, канализација, гасно поврзување и слично“, кажа Бектеши.

На состанокот од СКСЗМ присуствуваа Менди Ќура, претседател ан СКСЗМ, Дурим Зекири, ивршен директор, и потпретседателите на Комората, Нухи Алиу, Јетон Асани, Шпресим Таири, Ќаније Селими како и Џемаил Даути, почесен претседател на СКСЗМ.

Слични содржини