Бектеши на средба со г.г. Стефан: Важно е сите рационално да трошат струја

од Nikola Popovski

Министерот за економија, Крешник Бектеши информираше дека денес остварил средба со поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, архиепископ охридски и македонски, г.г. Стефан.

Енергетската криза која што ја зафати не само Северна Македонија, туку и цела Европа и мерките кои ги превзема Владата биле темите за кои се разговарало на состанокот.

-За нас е важна поддршката од верските заедници во државата се со цел да се подигне свеста кај граѓаните во овој тежок период што следува сите заеднички да заштедиме електрична енергија со тоа да и помогнеме на државата. Со г.г.Стефан се согласувавме дека е важно во овој период сите рационално да трошат електрична енергија испраќајќи порака дека во оваа криза сите треба да бидеме свесни и да штедиме, истакна Бектеши.

Слични содржини