Бектеши-Николов: Ќе се поврзат македонскиот и бугарскиот пазар

од Nikola Popovski
271 прегледи

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска информираше дека имал успешна работна средба со неговиот колега, министерот за енергетика на Бугарија, Александар Николов на работната група за енергетика.

Според Бектеши, со менаџментот на енергетските компании од двете земји разговарале за продолжување на интерконекторот Петрич – Струмица до ТЕЦ Неготино преку ревидирање на посточеката студија, обезбедување дополнителни количини природен гас, како и можност за резервирање капацитети за Северна Македонија во складиштата кои се на територијата на Бугарија.

Главен приоритет на двете Влади, меѓу другото Бектеши вели дека е забрзување на проектите во делот на енергетиката имајќи ја предвид енергетската криза.

-И претходно имавме одлична соработка во енергетскиот сектор, но нема да застенеме тука. Ќе продолжиме со дополнителни проекти, за двете држави да имаат бенефит од инвестициите. Разговаравме за реализација на Меморандумот за поврзување на пазарите на Северна Македонија и Бугарија. При крај е постапката за воспоставување организиран пазар и компанија која тоа ќе го направи во земјава. До крајот на годината постапката треба да заврши, а во почетокот на годината кога ќе имаме организација на домашен пазар, ќе се поврземе со Бугарија, а тоа ќе го прошириме преку различни инвестиции, како што е интерконекторот со Бугарија и со другите соседи, информира Бектеши.

Слични содржини