Рокот е многу краток за граѓаните да ги добијат средствата на платежни картички затоа одлучивме директно да ги трансферираме средствата на нивните жиро сметки. Целта ни е да ја поттикнеме потрошувачката како важен дел од БДП, изјави министерот за економија Крешник Бектеши.
Тој изјави дека во минатото преку мерката купувам домашно имало зголемување на потрошувачката на одредени производи.
-Во момент кога доаѓаат празници кога овие средства им се најнеопходни на граѓаните одлучивме да можат да ги користат средствата и по крајниот рок – 25 декември. Секако дека овие средства ќе ја поттикнат приватната потрошувачка, а на јавната потрошувачка ќе влијае и Владата со реализација на повеќе проекти кои се во тек, Целосната контрола и имплементацијата на мерката се врши од страна на УЈП. Ние со оваа мерка им излеговме во пресрет на сите категории граѓани и на сите граѓани кои беа изоставени во третиот сет на економски мерки. Сега помош добиваат и оние кои се невработени, а се пасивни баратели на работа, пензионерите, младите лица и други категории кои не беа опфатени претходно, рече Бектеши .