Бектеши прави напори наставата да се одвива со физичко присуство

од Nikola Popovski

Министерот за економија Крешник Бектеши вечерва информира дека се прават напори за да им се излезе во пресрет на основните и на средните училишта и наставата во зимскиот период да се одржува со физичко присуство.

Според неговите проценки, училиштата не би требало да имаат проблем до крајот на март.

-Преговараме со сите соседни земји кои имаат вишок на производство на електрична енергија. Со Бугарија не се преговара за цени кои се на слободен пазар, туку за цените кои ги бара стопанството. Барањата на стопанството е цените да бидат од 150 до 200 евра, односно дупло пониски цени од она што е на берзата. Ние бараме таква цена на електрична енергија, и имаме понуди, но не се по таа цена што ја бара бизнисот. Стопанството бара директа субвенција од државата на 10 најголеми потрошувачи на струја, тоа се околу 20 милиони евра директни субвенции што не е логично и неможе да се даде од страна на државата пред се поради фактот што сите средства во буџетот се средства на граѓаните,  а нас приоритет ни се домаќинствата и микро, малите и средните компании, кажа министерот за преговорите со околните земји за помош и продажба на електрична енергија.

За вчерашната посетата на Турција министерот кажа дека имале продуктивни разговори со турските колеги и покажале интерес да излезат во пресрет на нашите барања.

Слични содржини